Политика за приватност и користење колачиња што се користат преку интернет страницата на Агенцијата за разузнавање


Агенцијата за разузнавање се грижи за приватноста на личните податоци кои ги собира од посетителите на интернет страницата на Агенцијата за разузнавање: www.ia.gov.mk, како и кога не контактирате преку која било е-адреса на Агенцијата објавена на интернет страницата на Агенцијата за разузнавање.

Оваа политика се однесува исклучиво за пристап и користење на наведената интернет страница на Агенцијата за разузнавање.

Агенцијата за разузнавање користи технологии за собирање информации во врска со користењето на нашата интернет страница, познати како "cookies" (колачиња).

Содржината на оваа Политика се објавува на интернет страницата на Агенцијата за разузнавање со цел да ја прочита секој корисник - посетител при пристапување на интернет-страницата.

Задолжително се наведува опција за избор на корисникот - посетителот: СЕ СОГЛАСУВАМ / НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ (да се избере) дека ги прифаќам одредбите од оваа Политика за приватност и користење колачиња на интернет страницата на Агенцијата за разузнавање.

Доколку корисникот - посетителот избере опција дека НЕ СЕ СОГЛАСУВА и не ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност и користење колачиња на интернет страницата на Агенцијата за разузнавање, потребно е известување дека можно е некои функции на интернет страницата да не се достапни за пристапување.