РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

REPUBLIKA E MAQEDONISË SË VERIUT

ЗА АГЕНЦИЈАТА

ТРАНСПАРЕНТНОСТ

КАРИЕРА


Работен однос во Агенцијата може да заснова лице кои ги исполнува следниве општи услови:

    да е државјанин на Република Северна Македонија
    да нема државјанство на друга држава
    да е полнолетно
    да е здравствено и психофизички способно
    да има соодветно образование потребно за засновање на работeн однос
    со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на лицето
    при полиграфско тестирање, да има добиено позитивно мислење
    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за вршење на професија, дејност или должност

Порака од вработените:

Градиме работна атмосфера заснована на достоинство, заемна доверба и безбедносна култура преку почитување на законите и безбедносните процедури. Посветено ги исполнуваме задачите и ги штитиме информациите и имотот на АР. За да ја оствариме нашата визија, ги прифаќаме одговорноста за нашата работа, ризиците и последиците од нашите постапки. Професионално и непристрасно ги извршуваме задачите зададени од претпоставените. Убедени сме дека соработката дава најдобри резултати и затоа високо ги цениме и ги развиваме нашите партнерства во државата и во странство. Тимската работа е клучна за нашиот заеднички успех.


Во моментов нема активен оглас.

КОНТАКТ

Сите може да доставуваат информации до Агенцијата за разузнавање поврзани со закани по безбедноста и интересите на државата. При тоа, Агенцијата за разузнавање гарантира за анонимноста на лицето кое ќе достави таква информација. Доколку Агенцијата процени дека доставените информации се од интерес за националната безбедност, ќе ја провери нивната веродостојност и ќе го контактира лицето за повеќе детали. Истакнуваме дека секоја злоупотреба, односно доставување лажни информации се казниви по закон согласно важечките правни акти на Република Северна Македонија.

Локација:

III МАКЕДОНСКА БРИГАДА 67, 1000 СКОПЈЕ, РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Телефон:

02/5103532

Почекајте!
Вашата порака беше успешно пратена, ви благодариме!